Уште еден резил: Цензуриран уметник за „северна“ елиминиран од изложбата на град Скопје, директорот и кураторот кадри на Левица

Шекеров кој бил дел од шестмината уметници кои предходно заедно изложувале на Сардинија во Италија, не е наведен во официјалната програма на изложбата „А/R Каљари-Скопје” која ја организира Музејот на град Скопје.

Менаџментот на Музејот на град Скопје го цензурирала Шекеров затоа што сакал да објави дело во кое се осврнува на северна како место каде што (не) може да постојат уметници.

Во подготовката на изложбата на Шекеров му било речено дека не може да му бидат објавени дела со тема, северна” затоа што тоа било политичка порака.

 

Во официјалната програма на изложбата остануваат петте уметници кои предходно како тим изложувале во Италија а исфрлен е само Шекеров од кого било барано да се откаже од дело во кое ја руга северна ако сака да учествува на настанот.

Музејот на град Скопје го води кадар на Левица која најавува дека ако дојде на власт ќе ја исфрли северна но во случајов кадар на Димитар Апасиев ја брани северна” и цензурира уметници затоа што искажуваат противење кон северна.

Директор на Музејот на град Скопје од Левица е Панче Велков а куратор на изложбата е неговата сопруга Гордана Велков.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.