Нема крај на поскапувањата: Од петок повисоки цени на цигарите, пурите и цигарилосите

Со одлука на владата на 05.10.2023 година донесени и објавени се измените и дополнувањата на Законот за акцизите кои на сила стапуват од 13.10.2023 година.

Со овој закон, се ставаат на терет увозниците со нови давачки при увозот на цигари, пури и цигарилоси, со што дополнително се оптоварува буџетот на граѓаните на цена на државата, а ќе влијае и на увозниците во иднина.

Во делот за цигари се додава нов член 84-а кој гласи:

Акцизата на цигари од член 78 став (1) од овој закон изнесува 3.253 денари по парче и 9% од малопродажната цена по кутија. Ако комбинираната акциза е пониска од 3,453 денари по парче, се применува минималната акциза во износ од 3,453 денари за таа количина.”

Според јавно објавениот документ, со одлуката на владата на членот 85 се додава дополнителен член 85-а со кој се утврдува акцизата на пурите и цигарилосите и истата гласи:

(1) Акцизата на пури од член 79 од овој закон изнесува 21,37 денари по парче и 9% од малопродажната цена.

(2) Акцизата на цигарилоси од член 79 од овој закон изнесува 10,00 денари по парче и 9% од малопродажната цена.

Со овој предлог според увозниците и продавачите на мало, се дестимулира работењето, на цена на досега не направените промени за увоз на пури и се стимулира шверцот на физичките лица, кои не престано носат тутунски производи од други држави кои имаат далеку помали давачки од нашите.

Во разговор со дел од нив, ова претставува досега невидено оптоварување, и единствени се во изјавите дека со ова само дополнително ќе се стимулира црниот пазар, кој за жал не придонесува ништо добро за државата, која има обврска да ги штити увозниците од нелојалната конкуренција и шверц

Исто така, она што е важно да се потенцира е дека досега оваа власт, а и ниту една претходно, никогаш при носење на законите, не го слушнала гласот на увозниците и проблемите со кои секојдневно се соочуваат и одлуките се носат зад затворени врати.