„ММФ потврди Македонија е зад Косово, Албанија и Црна Гора, КОИ ИМААТ ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ“

ММФ потврди со СДСМ и Ковачевски Македонија е зад Косово, Албанија и Црна Гора, кои имаат и над 50% поголем економски раст. Со СДСМ Македонија има 50% помал економски раст од Албанија. ММФ во вторникот прогнозираше раст на Македонската економија од 2.5% за оваа година, а во исто време проекцијата за Албанија е 3.6%, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потенцираат дека  Македонија со СДСМ е 80% зад Црна Гора. Растот на Црногорската економија за оваа година од страна на ММФ се прогнозира дека ќе биде 4.5%, во споредба со растот во Македонија од 2.5%, тоа е за 80% подобар резултат.

– Со СДСМ Македонија е послаба и од Косово, чија економија оваа година се проценува дека ќе расте 3.8%, за разлика од Македонската со 2.5%. СДСМ и ДУИ не знаат да се справат со инфлацијата. Во ситуација кога истата во еврозоната е само 4.3%, во Македонија е 6.6%, истакнуваат тие.

Во соопштението се посочува дека со СДСМ Македонија е на дното не само во Европа, туку и во регионот. Македонија уназадува со СДСМ. Потребни се промени.

Постави одговор

Your email address will not be published.