Во ходник држеле седница за разрешување на вд. директорот, ОТИ ТОЈ ИМ ЈА ЗАКЛУЧИЛ САЛАТА ВО ВОДОВОД

Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“  во Скопје, денеска држеше седница во ходник оти салата им била заклучена. Една од точките на дневен ред била предлог за разрешување на в. д. директорот Драган Илиевски „поради лошата (неподобрена) финансиска состојба на претпријатието“, па затоа членовите се сомневаат дека ова е направено по негова наредба за да се блокира работата и да не се донесе одлуката за разрешување.

На дневниот ред било и Разгледување на барање од УО до в.д. директорот да се достави на увид Договорот за изградба на Пречистителна станица за отпадни води помеѓу ЈП „Водовод и канализација“ и „ВТЕ Васертехник”.

Претседателот на Управниот одбор Идриз Орана за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека она што се случува во претпријатието е лудо, а таа лудост денеска кулминирала.

Постави одговор

Your email address will not be published.