ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага: „Белосветскиот криминалец Черепот, влегува во милионски бизнис со македонска Лотарија“
Белосветски мафијаш од Бугарија, Васил Божков Черепот влегува во бизниси во Македонија, ЈО да отвори истрага, порача ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Првиот вицепремиер Артан Груби, на владина седница носи одлука за распишување на оглас за формирање на три нови правни субјект, помеѓу Лотарија на Македонија и привитни фирми.
Откако Лотарија на Македонија, чиј директор е и шеф на кабинет на Груби распишува оглас тоа го прави сите спецификации да одговараат на фирмата на Черепот, 8888.бг.
Черепот кој во моментот е во притвор е белосветски криминалец, со бројни кривични дела, кој се наоѓа на црната листа на САД, и близок пријател на Пригожин и Русија.
Само во држава како Македонија и криминална влада на СДС и ДУИ, лице кое е на црната листа на САД и е во притвор може да биде бизнис партнер на Груби.
Ова ли се европски вредности за кои се залага владата на СДС и ДУИ?
Европска вредност ли е за Груби белосветски кримоналец да се направи бизнис партнер?
Зошто ЈО наместо да отвори истрага и да испита зошто и како Лотарија објавила оглас и спецификациите ги усогласила според фирмата на Черепот, се уште молчи.
Чиј интерес штити ЈО?
Вечно нема да бегаат од одговорност.
Важно е дека со промена на власта, следува целосна истрага и одговорност“, се вели во соопштението.