20 илјади евра за тим билдинг на вработените во Државна видеолотарија, ЌЕ ВОЗАТ КАЈАЦИ И ВЕЛОСИПЕДИ
Вработените во Државна видеолотарија со 20 илјади евра ќе ги зајакнат општествените односи и тимскиот дух преку тим билдинг кој ќе го организира Бадемтур од Скопје, објави порталот 4news.
Според информациите, максималниот број на учесници ќе биде 40, односно секој учесник ќе кошта по минимум 500 евра.
Ќе бидат сместени во хотел со појадок и шведска маса, а дел ќе бидат и со полн пансион во еднокреветна соба. Две лица ќе користат двокреветна соба.
Со државни пари вработените ќе возат велосипеди кои чинат 1.500 денари за да се изнајми еден, а исто така се бара да има и кајаци кои чинат исто така 1.500 денари за еден.
„Провизијата за угостителски услуги – ручек во Маврово, вечера надвор од хотел во Охрид и други туристички/угостителски услуги е во вистина од 5% од вредноста на фактурите. Провизијата е фиксна и не е предмет на аукција. Договорниот орган ќе ги договара детално активностите од team buildingot по потпишувањето на Договорот“, стои во договорот за јавна набавка на услуги во кој имаше увид 4NEWS.mk
Патувањето од Скопје до местото на одржување ќе биде со високо квалитетен туристички автобус кој ќе чини 75 илјади денари.