„Со која ЕУ се консултирал Ковачевски, КОГА ТИЕ ГИ ОСУДИЈА ИЗМЕНИТЕ ВО КРИВИЧЕН ЗАКОНИК?“

„Со која ЕУ се консултирал Ковачевски? Додека тој даваше изјава тие ги осудија измените во КЗ, така и за уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ги отфрли, попусто се надева“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски.

Тие псочуваат дека ЕК денес излезе со став дека жалат за недостатокот на сеопфатни консултации на власта со домашните чинители и ЕУ пред усвојувањето на измените, но и за злоупотребата на европското знаменце.

– Наместо владеење на правото, со Ковачевски имаме владеење на криминалот, неказнивоста на владините функционери е императив на неговата работа, а реформи не само што нема на повидок, туку Македонија и назадува. Ковачевски наместо како расипана грамофонска плоча да повторува уставни измени подобро ќе биде да распише избори, зошто уставни измени нема да има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски денеска изјави дека сите процеси кај нас се комуницирани со ЕУ.

– Кај нас во државата се забележува на спорост бидејќи многу работи во многу области одат споро, а кога нешто ќе оди брзо, мислам дека не треба толку да се забележува. Американската амбасада рече дека ќе го разгледаат донесеното и што е нормално. Истото го кажа и ЕУ, рече тој.

Според него измените се направени согласно законодавства кои што важат во ЕУ.

Ако го погледнете германското законодавсто, членот кој што кај нас се коментираше, е баш таков и во Германија. Ако ги погледнете висините на казните и ги споредите со Словенија, ќе видите дека се на исто ниво. Тоа што претходно имвме закон во кој што казните беа од некое комунистичко време и беа направени од еден „Дарт вејдер“ на македонското судство, не значи дека тие работи не треба да се променат, кажа претседателот на Владата како одговор на новинарско прашање.

Европската Комисија реагираше за носењето на скандалозните измени во Кривичниот законик во Македонија.

Според ЕК не само што сметаат дека се донесени избрзано, туку и дека немало консултации за истите, како и тоа дека е злоупотребено европското знаме.

Измените во Кривичниот законик се избрзани, со злоупотреба на европското знаменце и директно ќе влијаат врз повеќе случаи на корупција на високо ниво и нивно застарување, се вели во реакција на Европската Комисија.

Од таму со загриженост констатираат дека некои од измените вo КЗ биле усвоени на забрзан начин од Собранието на Македонија, со кои се намалуваат максималните законски казни и имаат импликации врз примената на застареноста на голем број случаи на корупција на високо ниво, вели за ТВ 24 Ана Писинеро, портпаролка на ЕК.