СКАНДАЛОЗНИ работни листови по предметот Образование за животни вештини – Како се подведуваат нашите малолетни деца!!!!

Пасторот во Евангелската црква, Филип Иванов, објави статус во кој ги коментира навистина СКАНДАЛОЗНИТЕ работни листови по предметот Образование за животни вештини:

„НЕНОРМАЛНИ!

После сè што сум видел во државава и по светот, мислев дека сум видел доволно, кога утрово наидувам на овие работни листови по предметот Образование за животни вештини.

Читајте ги прашањава, видете колку манипулативно се формулирани и насочени кон децата. Класично подведување на малолетници.

Доколку не сте имале сексуален однос со припадник на вашиот пол, дали е, сепак, можно да сте хомосексуалец/ка?

• Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?

• Најголемиот број лица што злоставуваат деца се хетеросексуалци. Дали сметате дека е безбедно вашето дете да го праќате на училиште каде повеќето наставници се хетеросексуалци?

• Дали би сакале вашето дете да биде хетеросексуалец/ка знаејќи ги проблемите со кои се соочуваат како прељуби, болести, разводи?

Ете вакви и пострашни нешта допрва „се готват“ во кујните на сите тие невладини организации, во соработка со неколку пратенички од Собранието. Според нив, ова се основните животни вештини кои им се потребни на децата и младите. Секако, зашто без ова како поинаку ќе регрутираат деца за својот изопачен и хипер-сексуализиран светоглед?

Поради ова, а и еден куп други нешта, апел до вас родителите: обрнете поголемо внимание на своите деца, внимавајте што им се сервира како нормално, бестрашно предизвикајте ги „авторитетиве“ и дајте им до знаење дека нашите деца се наши деца, не ѝ припаѓаат на државата или на родовите идеолози кои сакаат да експериментираат со психата, односно душите на децата и младите.

ЗА ДОБРОТО НА ДЕЦАТА, ОВА НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ!

Повелете линк до учебникот, ако се сомневате дека ова е вистина: https://www.bro.gov.mk/…/Rabotni_listovi-Obrazovanie_za…

На крај, погледнете ја последната слика, да видите кој е авторот на прашалников“, пишува Иванов.

https://www.facebook.com/filipivanovmkd