Твитер за црвените елеци на СДСМ: „На толкави плати, шетаат во елеци како од Црвен крст“
„Што бе тоне бродов па облековте елеци за спасување?“, „Не знаат да пливаат, а ги очекува потоп на следните избори, па мораа вака да облечат елеци за спасување“, се дел од твитовите со кои твитерџиите фаќаат сеир на новата партиска кампања на членовите на СДСМ облечени во црвени елеци.
Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски застанат пред своите сопартијци облечени во црвени елеци ја промовираше новата кампања на партијата „Рамо до рамо до победа“ почнувајќи теренски активности со цел да разговараат со граѓаните од сите делови на земјава.
Ковачевски кажа дека неговата партија во наредниот период ќе посетат вкупно 946 населени места во земјава, не затоа што следната година имало избори, туку, како што кажа, заради подобра иднина на татковината.