Според Ковачевски 60 работни часа неделно ЈА ЗГОЛЕМУВАЛЕ ПРОДУКТИВНОСТА НА РАБОТНИЦИТЕ

За премиерот Димитар Ковачевски измените во законот за работни односи заради изградба на коридорите 8 и 10 д со кои работната недела од 40 часови се зголемува на 60 часови, не е спорно но и како што вели дека се зголемувала продуктивноста со тоа.

– Досега во градежниот сектор многу компании имаат побарано слични измени и до Владата со оглед на тоа дека самиот сектор подлежи на сезонски варијации кои зависат од времето. Тоа се побудите со кои сакаме да направиме законски измени со кои подобро ќе се искористат ресурсите и второ се забрзува работата и се зголемува продуктивноста на овие работници, рече тој.

Како што изјавви доколку бидат донесени овие законски измени, ќе може да се ангажираат помал број работници и да се работат повеќе часови, па поголем дел од финансиските средства ќе останат во државата.

– Без законски измени ќе дојдат повеќе работници од странство. Сите работници ќе имаат право да дадат согласност за 60 часа работа неделно и секој час би бил платен, рече Ковачевски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања.