Каевски призна дека ќе плаќаме десетици илјади евра пенали ако работната недела не се продолжи за 20 часа
Во емисијата „Отворено“ на Телевизија 24 пратеникот од редовите на СДСМ Дарко Каевски призна дека доколку не се донесат законските измени за договорот за „Бехтел и Енка“ државата тоа ќе ја чини десетици милини евра повеќе.
„Ако се донесат законските одредби кои се во процедура, постапката односно проектот ќе чини помалку и ќе трае покусо, а ако не се донесат проекциите се дека ќе трае 6 години, може и повеќе во зависност од постапките и ќе чини повеќе“, рече Каевски.
Каевски во емисијата призна дека ако не се донесат законските измени за договорот со „Бехтел и Енка“ тогаш државата ќе ја чини десетици милиони евра повеќе.