Директорот на затворот „Идризово“ не знае зошто неговиот заменик Феми Јонузи го користел за приватни потреби возилото кое изгоре пред џамија во Студеничани
Директорот на затворот „Идризово“ Зоран Јовановски не знае зошто неговиот заменик Феми Јонузи го користел за приватни потреби и се развозувал со службеното возило кое изгоре синоќа пред џамија во Студеничани.
Зошто го користел службениот автомобил за приватни потреби како одење во џамија и слично, јас истражувам и за тоа сигурно ќе бидете известени“, одговори за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на КПУ Идризово Зоран Јовановски.