Пренџов со примери контра небулозите на оваа власт и на Ковачевски
Пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Љупчо Пренџов на гостувањето на 24 анализа истакна дека единствена европска опција во парламентот е опозицијата. Според него обвинувањата на владеачката коалиција кон опозицијата дека е неевропска, не држат и можат да ја раскажуваат само во нивните штабови. Тој своето тврдење го објасни со примери.
-Најодговорно тврдам дека единствената европска опција во рамки на Собранието е опозицијата. Видете како се изместуваат работите. Тие се“ проевропски“, ама под превезот на државна тајна купуваат гас од Лебедев за цена дупло поскапа од таа која што може да ја купат од Макпетрол, а ние сме “антиевропски“. Тие се “проевропски“, ама на секој руски капитал во оваа држава мора да има замешано во парите некој од чаушите на СДСМ, а ние сме “антиевропски“. Тие се “проевропски“, ама на Онишченко му даваат државјанство и пасош, а ние сме “антиевропски“- рече Пренџов.
Пратеникот Пренџов ја коментираше непринципиелноста и небулозите на оваа власт и во примерот со изјавите на Ковачевски упатени кон министерот за здравство.
-Типичен пример за небулози е една ситуација, која што е навреда на интелегенцијата на медиуми и на граѓани. Премиерот вели го укорив министерот за здравство и му кажав дека можеби треба да си поднесе оставка во врска со оној немил настан, а после 3 часа целата македонска јавност може да види дека тој ( министерот за здравство) е веќе сменет и е договорено со кадар на Алијанса. Јавно го поставувам прашањето, ако Ковачевски имал храброст, така да му се обрати на министерот за здравство, зошто нема храброст да му “писне“ на министерот за образование, каде што децата наши цела година немаат учебници и учат од тетратки, бидејќи овој не испечатил учебници? На овој не смее да му “писне“ зошто нема учебници, бидејќи тредента веќе нема да биде премиер, а СДСМ власт, а овој што веќе го трампал на Пазар 3 и го сменил веќе со друг министер, јавно излегува во мачо стил изјавува дека му кажал да си даде оставка- заклучи Пренџов.