Партиски кадри на СДС и ДУИ се директно вмешани во бегството на Мемети, политичка одговорност од власта за овој случај мора да има
СДС и ДУИ ја претворија Македонија во див запад. Затвореник им избега, пукаше и рани полициски службеник, а Ковачевски и Спасовски се скриени во глувчешка дупка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Со денови нема одговори од страна на СДС и ДУИ која е улогата на партиските полушници во бегството на Беким Мемети?
Нема одговор која е вмешаноста на Љупчо Кузмановски во целото филмско сценарио за бегство на затвореникот Мемети, кој треба да отслужи 20 годишна казна?
Дали Кузмановски е советник за безбедност на КПУ Идризово и директорот Шпенд Тахири, и дали како советник е одговорен директно за безбедноста на затворот и спроведување на затвореници и со тоа е директно виновен за филмското бекство на Мемети?
Дали Миле Зечевиќ е директно инволвиран во поставувањето на Кузмановски на оваа раководна позиција во КПУ Идризово?
Власта на СДС и ДУИ со денови не одговорија дали и колку во бегството на Мемети има политичка одлука, со тоа што инволвирани и осомничени во овој случај се активни партиски кадри и членови и на СДС и ДУИ.
Овој случај е само уште еден доказ за целосното девастирање на безбедносниот систем со криминал и корупција.
Криминални престрелки по улиците низ државата, бегства на затвореници, тепање на граѓани од функционери на СДС и ДУИ, а реакција од безбедностите структури нема.
Нема ниту политичка одговорност од страна на Спасовски, Ковачевски и целата влада.
Криминалот царува во државата и криминалците владеат со Македонија и за тоа потребни се брзи предвремени парламентарни избори и излез од овој ќорсокак во кој ја доведоа државата, стои во партиското соопштение.