Калин Ивановски, гордоста на Македонија, заврши второпласиран на тенискиот турнир во Тунис
Најталентираниот македонски тенисер, Калин Ивановски, немаше сили за да дојде до триумф на турнирот М15 Монастир во Тунис.
Во финалето, 18-годишниот Калин загуби од 30-годишниот домашен тенисер, Моез Ешаргуи со 2:1 во сетови.
Калин (543 место на АТО листата) го доби првиот сет со 6:3, по што неговиот противник славеше во вториот со идентичен резултат.
Голема борба се водеше во третиот, решавчаки сет, во кој Тунижанецот (358 на АТП) славеше дури по тај брејк 7:6 (7:5)