Мицкоски од Генералното собрание на ЕДС: Младите и нивниот глас се важни во општеството
Денес во рамките на генералното собрание на ЕДС се одржа панел дискусија на која се обратија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на УМС Сергеј Попов и претседателот на ЕДС Бепе Галеа.
Во своите обраќања Попов и Галеа се осврнаа на долгогодишната соработка помеѓу двете организации, важноста на младите и младинското учество и меѓуграничната соработка помеѓу младите луѓе.
Во своето обраќање Мицкоски ги поздрави учесниците и ја потенцираше важноста на младите и нивниот глас во општеството, ги повика учесниците да не се откажуваат од битките на нивната генерација и им порача да ги најдат проблемите и предизвиците на нивното време, да не се конформираат и да не ги продолжуваат лошите политики на постарите генерации.