Ковачевски за дојавите на бомби: Граѓаните не треба да се грижат за нивната безбедност, МВР успешно си ја врши работата!

Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски кажа дека граѓаните не треба да се грижат за нивната безбедност бидејќи состојбата во земјата е стабилна.

Ковачевски во однос на дојавите за бомби во повеќе училишта и јавни места кажа дека МВР работи со целосен капацитет.

„Безбедносната ситуација во земјата е стабилна, МВР успешно ја врши својата работа и ја гарантира безбедноста на граѓаните. Ваков тип на напади се случуваат и во соседните земји. МВР во однос на дојавите за бомби дејствува со целосен капацитет“, вели Ковачевски.