Ковачки до Ковачевски: Лажеше и клеветеше, а сега дезертираш и се криеш зад имунитет, знаеш дека ќе бидеш осуден

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки денеска објави документ кој се однесува на премиерот Димитар Ковачевски,

Посочи дека дезертерот што одби да си ја брани државата, а сега е премиер, лажно обвинува и дезинформира.

-На чело на државата имаме човек кој не си стои до кажаното и БЕГА од соочување со последиците од неговите неосновани и тендециозни обвинувања. Имено, пред извесен период поднесов тужба против Ковачевски, поради фабрикуваните лаги и неточни квалификации искажани од него кон мене во обид да се одбрани поради своите постапки на кои ниту јас, ниту било кој од ВМРО-ДПМНЕ сме го присилиле (тој избегал од војска во 2001 – и тоа е факт и сега, а ќе биде факт и после 10 години).

Тужбата ја поднесов затоа што Ковачевски јавно ме обвини дека:
1. Сум кодошел,
2. Сум крадел документи од АРМ,
3. Сум издавал информации и
4. Сум тргувал со информации со странски структури.
Ковачевски исто така кажа дека “НАТО не сакал кодоши” со што јавно потврди дека сето погоре што го наведов, дека неговите безбедносни служби веќе вака фабрикувано го испратиле во Брисел со цел оцрнување, вели Ковачки.

Нагласува дека наместо да излезе пред Суд и да ги брани своите тврдења, Ковачевски исто како во 2001 кога избега и се криеше позади неговиот татко (градоначалник) со лажни дијагнози, така и овојпат избега од Судот и се сокри позади имунитет.

-Граѓани на Македонија, имаме премиер кој искажува најгнасни лаги и тешки обвинувања за кои откако ќе го повикате да истите ги повтори и потврди со докази, тој БЕГА и СЕ КРИЕ позади ИМУНИТЕТ. Зарем е можно првиот човек на Владата на НАТО членката Македонија, да биде со толку лабилен карактер и со променливо однесување и истиот одново да бега тогаш кога ќе биде исправен пред одговорност? Ковачевски со овој одговор на тужба во кој се повикува на имунитет, ПРИЗНАВА дека ЛАЖЕЛ кога ме обвинувал и негативно квалификувал. Сепак, истиот се плаши да се појави пред Суд, затоа што Судот ќе пресуди дека лажел и клеветел. Затоа, неговите ПР советници и адвокати смислиле дека полесно ќе се справат со критиките од јавноста доколку се повика на имунитет. “Силно и одлучно”, нема што! Ковачевски, ајде барем еднаш во животот не бидете цвикатор и дезертер. Дезертиравте од војска и се направивте трајно неспособен, бегате од избори, а сега бегате и од Судот. Зошто се плашите? Толку ли не можете да се носите со последиците од сопствените несозреани постапки? Кој Ве тераше лажно да обвинувате и зошто? Така ли си ја замислувате функцијата и демократијата, да си фабрикувате гнасотилаци, а да се криете позади имунитет?
Како пратеник избран од народот, Ве советувам: Откажете се од имунитетот и дојдете на Суд.
За разлика од 2001 кога голем дел од нас беа и животно загрозени, а лично Вие избегавте, овде нема да Ви биде загрозен животот, туку само ќе се потврди дека сте обичен лажго кој моментално е премиер.
Вие Ковачевски немате никаков интегритет за да ја водите државата. Вие сте патолошки лажго кој мисли дека е недопирлив затоа што е премиер и дека нема да носите одговорност затоа што имате имунитет, му порача пратеникот на премиерот.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=557848203017674&set=a.313122047490292&type=3
Постави одговор

Your email address will not be published.