Ковачевски за рејтингот според ИРИ: Граѓаните знаат да препознаат кога некој го вложува целиот труд и енергија во најголема економска и светска криза

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја коментираше анкетата на ИРИ и расположението на анкетираните испитаници. Тој вели дека не е изнаден од одговорите, со оглед дека се „во период на прифаќање на европскиот предлог во Собранието“.

-Влијае на расположението на граѓаните и градењето на перцепциите. Во тој беше направена голема хистерија во однос на европскиот предлог и што тој ќе предизвика. Тоа го правеа ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Исто така важен заклучок е дека сепак граѓаните во огромен процент се за членување во ЕУ и не гледаат друга алтернатива, освен мал процент што гледаат перспектива во некаква Евроазиска унија, рече Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата.

Во делот на личните рејтинзи на политичарите, премиерот рече дека нема го коментира рејтингот на другите политичари, туку само неговиот.

-Нашите граѓани знаат да препознаат кога некој го вложува целиот свој труд, напор и енергија во најголема економска и светска криза се грижи за одржување на економска и енергетска стабилност и топлинска енергија во Скопје. Ако го погледнете делот во одговорите на испитаниците, кој опфаќа 10 месеци од моето назначување во Влада, свесноста за мојата работа растела со 1,44% на месечно ниво, што е прилично голем процент. Во однос на политичките рејтинзи, тоа е респектабилно со оглед на 10-месечниот период со управување на Владата, истакна Ковачевски.

Постави одговор

Your email address will not be published.