ВМРО-ДПМНЕ денеска започна со првиот политички саем во Македонија
Денес и утре со почеток од 11 часот се одржува политички саем, на кој ќе бидат презентирани отчетите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
– 365 дена промени, 365 дена работа, посветеност и проекти. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа разлика. Во општините каде градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните имаат општинска администрација која е на нивна услуга, се решаваат проблемите, и се креираат нови решенија по нивно барање, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека на политичкиот саем ќе имаат свое обраќање градоначалниците од цела Македонија, а ќе има и експертски трибини за голем број на актуелни теми.