„27 април“ нема да оди во Хаг, Јовески нема да биде изземен
По три часа чекање Апелациониот суд ја донесе одлуката дали предметот за настаните за организаторите од “27 април” ќе се пресели во Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Ова барање дојде од адвокатот на обвинетиот Владимир Атанасовски, Јордан Апостолски.
Апелација смета нема услови овој случај да биде предаден на судот во Хаг.
-Нема место за отсапување на предметот од овој суд во судот во Хаг-се изјасни Апелација.
Исто така, Јавното обвинителство донело одлука дека нема основа републичкиот обвинител Љубомир Јовески како и Вишото јавно обвинителство да бидат изземени од овој случај.