Мицкоски со поддршка и ПОВИК ЗА МИРЕН ПРОТЕСТ ПРОТИВ бугарскиот клуб „ЦАР БОРИС ТРЕТИ“

Утре во Oхрид ќе биде отворен бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, а по тој повод лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повика најавениот протест да биде мирен, а не насилен.

Во Охрид треба да се протестира, но да биде тоа демократски израз на волјата на граѓаните. Само протестот да биде мирен, а не насилен протест, зашто во спротивно повторно ќе печалат оние што ја доведоа Македонија во оваа ситуација, а тоа се СДСМ и ДУИ. Го поддржуваме протестот и повикуваме да се излезе и да се протестира на мирен начин, изјави Мицкоски.

Тој додава дека важно е да не се отргне вниманието од кризата и инфлацијата.