Жан Митрев повикан на распит во ОЈО
Во Обвинителството е повикан д-р Жан Митрев, кој е на распит кај обвинителот Гаврил Бубевски кој го води предметот, објавија повеќе медиуми во врска со случајот „Нечиста крв“ во кој болницата и Жан Митрев лично се посочуваат како одговорни за смртта на стотици пациенти во оваа здравствена установа за време на пандемијата од коронавирус.
„Жан Митрев е повикан на распит во обвинителството за одредени околности за предметот кој го води обвинитеклството, односно ОЈО Скопје по допрен глас од јавноста“, изјавиле од Обвинителството.