ВМРО-ДПМНЕ: Епска неспособност- надлежните 4 дена не можат да утврдат дали има мајмунски сипаници кај едно суспектно лице кое им избега од болница
Во секој сегмент од државата се случува распад на ситемот. Последен случај за тоа е во здравството. Во Македонија институциите 4 дена не можат да утврдат дали има или нема мајмунски сипаници, заразна болест која зема силен замав во цела Европа, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Едно лице кое што е суспектно им избега од болница, одбивајќи да се тестира и сега се обидуваат да стапат во контакт со него. Оттука логично се поставува прашањето дали ова лице не е опасност по здравјето и животите на другите луѓе? Дали ова лице може да ја прошири болеста и на тој начин работите да излезат од контрола? Лицето кое е суспектно и кое е можен заболен со мајмунски сипаници треба да биде под здравствен надзор, а тоа треба да се овозможи преку ангажирање на сите надлежни институции. Неспособноста и неодговорноста на институциите може да загрозат животи и здравје. Недозволиво е за сериозна здравствена закана надлежните да креваат раменици и да дозволат суспектни или заболени лица да се шетаат слободно и да загрозуваат други. Свесни ли се дека на тој начин може да предизвикаат епидемија, па наместо да се спречи ќе треба да се лечи, ккао што вели народот, истакнуваат од партијата.
„Ова е скандалозно. За ваквата епска неспособност и неажурност треба некој да понесе одговорност“ – се наведува во нивното соопштение.