Ковачки му се обрати на Ковачевски: Ние немаме две коалиции, туку имаме народ на една страна и од друга страна Ве имаме Вас со неколку климоглавци околу Вас и плус тука Ви се газдите на Македонија од ДУИ.

Стаус на Драган Ковачки:

Ковачевски, ние немаме две коалиции, туку имаме народ на една страна и од друга страна Ве имаме Вас со неколку климоглавци околу Вас и плус тука Ви се газдите на Македонија од ДУИ.

Всушност, Вие Ковачевски немате ништо, туку прашање е дали ги имате и Вашите пратеници под контрола, зарем заборавивте дека сите пратеници од СДСМ во Собранието НЕ гласаа за листот хартија наречен бугарски предлог?

Човек на Ваша позиција би се срамел да го изговара името на ЕУ затоа што токму Вашата коалиција со ДУИ нема ништо заедничко со ЕУ.

Еве ако сте за ЕУ, објаснете му на народот:

1. Дали млада девојка која оди на лекар и по грешка и’ ги вадат внатрешните органи и ја отпуштаат од болница, за тоа никој не одговара? Па дури и откако се формира комисија за утврдување на вистината, истата повторно е скриена и квази-лекарот е заштитен само затоа што е партиски војник на коалицијата.

Ако во Европа воопшто постојат такви случаи, дали ги стимулираат или ги казнуваат таквите појави?

2. Дали во ек на здравствена криза преку тендери во 4 очи се набавуваат скапи возила за функционери наместо болнички возила и дали додека министерот за здравство излегува на ТВ да ја замајува и плаши јавноста, во исто време се прават обиди за пљачка преку набавка на двојно поскапи вакцини од Хонг Конг?

3. Дали во ек на здравствена криза се градат неквалитетни монтажни болници и се пуштаат во употреба без никакви критериуми, а откако ќе се случи да живи изгорат пациенти, за тоа да биде крив кабелот или некој ниско рангиран функционер? И во ЕУ ли така оставаат да се влечат постапките по година дена и ги забошотуваат истрагите?

4. Дали се случува Министер за внатрешни да крие Решение за затворање на технички преглед за возила во којшто откако не е затворен техничкиот, се извршил преглед на кобниот автобус на “Беса-транс” а после тоа во истиот загинаа 45 луѓе?

Дали во ЕУ, кога ќе се отвори истрага за ваков случај, се суспендира обвинителот што ја води истрагата?

А да биде трагедијата уште поголема, потполно идентично обвинување имаше за ист случај со технички преглед за автобус на “Дурмо-транс”, во кој исто така загинаа луѓе.

Тоа ли се европските вредности или уцените од ДУИ за да си ја спасите коалицијата?

5. Дали кога обвинител ќе покрене истрага за Владин функционер за кој има пријави дека вршел рекет и притисок, истиот се суспендира од функцијата и дали се опструира правото и правдата на начин на кој тоа го прави Вашата Влада?

6. Дали кога Судија јавно ќе излезе со изјава и констатација дека за судскиот процес за мега-скандал со пасоши се лажирани извештаи од МВР, односно се кријат полициски службеници и функционери во МВР, веднаш не се поведува кривична постапка против Министерот или одговорното лице што криело докази и лица?

Во која европска држава е тоа така, премиере на “нашата земја”?

7. Дали и во ЕУ кога ќе се случи убиство на младо момче пред дискотека, полицијата го крие настанот или се чека медиумите и опозицијата да го обелоденуваат скандалот?

8. Дали и во ЕУ се краде струја со диво приклучување, се копаат биткоини на диво и сето тоа на крај дали го покриваат сите граѓани солидарно од буџетот или затоа се оди во затвор?

9. Дали некаде во ЕУ се распишува тендер за јаглен и дури отпосле се регистрира фирма која ја добива милионската зделка? И во Европа ли ДКСК за вакви случаи молчи, а дефокусира и ни дава предлози за возилата на министрите дека требало да бидат со црвени таблици за да не трошеле литро/две гориво плус од нормалното?

10. Дали и во ЕУ, тој што пукал со огнено оружје во толпа народ се суди на месечна казна, а тој што удрил клоца на предавник каков што не памети модерната историографија, лежи 15 години затвор за тероризам?! Тоа по европски терк ли е?

Нелегитимен премиере што не сте биле на избори, дали знаете дека сите европски народи се горди на своето вековно наследство и дали знаете дека токму тоа Вие им го одземате на Македонците и дека се со згазено достоинство токму поради откажувањето од сопствените корени од страна на Вас лично и Вашиот газда и новопрофилиран трговец со електрична енергија – Зоран Заев?

Доста лажете и се криете позади ЕУ агенда, а не работите и крадате како да сме држава во Африка. Никој не Ви верува во ништо што говорите, дури ни самите не си верувате, затоа како папагали повторувате дека ќе имате 80 пратеници за смена на Устав.

Ајде веднаш идна седмица да закажеме седница на Собрание и да се преброиме, ако нема 80 пратеници за промена на Устав, да одиме на избори.

#Лажомани

#Неспособни

https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/467721185363710

Постави одговор

Your email address will not be published.