ЕВЕ ЗА ОВИЕ ПРОВОКАЦИИ, ЛАГИ И МАНИПУЛАЦИИ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРИФАТИ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ: Џамбаски му порача на Османи дека Самоил е бугарски цар, а Гоце Делчев е Бугарин – нема две верзии на историјата!
Европратеникот Ангел Џамбаски му порача на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи дека не постојат две верзии на историјата.
Џамбаски реагираше по интервјуто на Османи за македонската национална телевизија во кое министерот кажа дека наративот во историската комисија наметнал две верзии на историските толкувања.
„Таа перспектива може да се стави во учебниците, но само ако се одобри од комисијата, а таа е автономна и нема рокови. Бугарија нема да прави компромиси со историската вистина. Самоил е бугарски цар, а Гоце Делчев е Бугарин“, напиша Џамбаски.