ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да не лаже, ЕС ги отпочна преговорите со Албанија, а со Македонија отпочна фаза на отворање на преговори
„Предавникот Ковачевски да не лаже, Европскиот Совет ги отпочна преговорите со Албанија, а со Македонија отпочна фаза на отворање на преговори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„На официјалната веб страна на Европскиот Совет во делот на соопштенија од Советот, во две засебни соопштенија за меѓувладините конференции, помеѓу Албанија и Македонија со ЕУ се гледа кој почнува преговори, а кој ќе чека уште. Албанија почнува преговори, а Македонија уште е во чекална“, појаснуваат од партијата.
Како што истакнуваат за Македонија да ги почне преговорите треба да се бугаризира, и тоа е директна вина на Ковачевски.
„Предавникот Ковачевски трајно ги наруши македонските преговарачки позиции и нашите црвени линии. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот. Пратениците на партијата нема да гласаат за промена на Уставот. Македонија мора да преговара со ЕУ под услови кои важеле за сите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.