Бугарски извештај открива детали кои македонската Влада ги крие од граѓаните – „Актуелната влада на Македонија е спремна на отстапки, дури и е подготвена политички да ги оправда пред своите избирачи.”

Бугарското МНР има подгоптвено и објавено извештај за преговорите со Македонија во однос на францускиот предлог за нашата земја.

Во него, како и досега, македонските граѓани наместо од својата Влада, добиваат информации кои не ги знаат, од бугарска страна.

Во точката 4 од овој извештај се наведува:

„Актуелната влада на С. Македонија има стратешки интерес да започне преговори за членство со ЕУ и е спремна на отстапки, дури и е подготвена политички да ги оправда пред своите избирачи.”

Овој бугарски извештај, всушност, само ги потврди сомнежите кај македонскиот народ дека челниците во Владата на Македонија предлого време молчеа и дека даваа впечаток дека нешто кријат.

Дома, се во обид да го убедат народот дека ги штитат интересите на државата, а во Бугарија најавуваат отстапки кои потоа се свесни дека треба да им ги правдаат на гласачите кои ги манипулираат во моментов.

Целиот извештај прочитајте го НА ОВОЈ ЛИНК