Брнз:Направете го првиот чекор, а потоа на преговарачка маса имате различни избори! – Професор Котлар: Нашата земја не е „Вашата земја“, туку е МАКЕДОНИЈА, а Вие како гостинка треба да го почитувате тоа!

Почитувана госпоѓо Брнз!

И ние Македонците отворено ви одговараме дека нашата земја не е „Вашата земја“, туку е МАКЕДОНИЈА! „Северна“ знаете и самите дека е резултат на нелегални и нелегитимни, политички постаки, на странски и домашни фактори! Добивме октроирана власт, која ја погази граѓанската волја за непромена на ИМЕТО, беа донесени (не)уставни амандмани, доживеавме кршење на човековите права, видовме политичка и лична дрскост. Република Македонија институционално е нападната, на нејзината територија има власт која само се представува од името на државата „Република Северна Македонија“. Но, македонската држава е резултат на антифашистичката борба на македонскиот народ и на другите народности, кои не стрепеа да му се спротивстават на фашизмот, кој зачекори минатиот век и направи пустош во светската цивилизација. Затоа АСНОМ, ние го браниме и го чуваме, а вие како гостинка (стратешка) треба да го почитувате! Затоа, немојте да ни нудите нешто што е против самите нас и нашата душа и да ни го претставувате, како т е х н и к а во политичката комуникација и однесување. И самите знаете, дека не е така! А, ние сме доволно писмени и разумни, да согледаме што претставува овој „француско-бугарски“ предлог! Тој претставува физичко и духовно убиство на Македонците и на нивната опстојба. Ние мора да се избориме за нас самите, немојте да не браните! Ве потсетуваме дека од почетокот на овој 21-ви век ние, Македоците, преживуваме, Херкуловски преминуваме низ многу „стратешки, добронамерни“ договори, преговори, ултиматуми – мистификации од највисок ред, демагогија, внатрешни драмолетки и меѓународни сценски настапи закитени со признанија за ѓоа „мир и безбедост“! Козеријава добива катастрофални размери! Убаво напишал своевремено, нашиот поет, кодификатор на македонскиот јазик и академик Блаже Конески: „како се измеша веков, косата да ти се крене!… Како да не бидам тажен штом гледам што е нашево сега, нашено минато“. Затоа, госпоѓо ние се бориме за нашите, македонски интереси – да сме свои на своето, туѓото не ни треба, но нашето не го даваме, ни за „отварање на преговори“ со ЕУ за членство!

Тука сме родени, ќе умреме тука!