Зоран Божиновски: Анализирајте ги старите сметки за струја со најновата – ќе забележите нова ставка која е ГРАБЕЖ ОД ЕПСКИ РАЗМЕРИ!

Фејсбук статус на Зоран Буревесник Божиновски:

„Анализирајте си ги вашите стари платени сметки за потрошена електрична енергија, споредете ги со НАЈНОВАТА сметка и ќе забележите дека има ставка:

НАДОМЕСТ ЗА ПРЕНОС И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА…

Ова е ставка која покрива ГРАБЕЖ од ,,епски размери,, како што милуваат да кажат сериозни новинари.

Оваа ставка која предвидува наплата на 3, 37 денари од секој потрошен киловат час струја и во дневна и во ноќна тарифа, е смислена за да ги покрие украдените милиони евра во МЕПСО и ЕСМ, од СДС од Нашата земја и ДУИ.

Потрошувачите ама баш никаква врска немаат со плаќање надомест за пренос и дистрибуција. Тоа си е ставка која си ја плаќаат ЕСМ, МЕПСО и ЕВН меѓу себе. Регулирана е одамна во цената. Само што поради грабеж од ,,епски размери,, како што би кажале сериозните новинари, таа регулација меѓу нив не ги задоволува криминалните апетити на СДС од Нашата земја, ДУИ, ЕВН и тајкуните!

Во прилог имате пример како тоа изгледа и колку изнесува надоместот кој си го викаат МРЕЖАРИНА! На сметка од 17.860 денари, опната е мрежарина од 6.585 денари“…

Постави одговор

Your email address will not be published.