Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ убедливо пред СДСМ, Мицкоски далеку пред Ковачевски
Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 4 и 6 мај 2022 на 1111 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања во моментот.
Според телефонската анкетата на ИПИС спроведена од 4 до 6 мај 2022 на примерок од 1111 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ за 5 %.
На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори“ – 21,2 отсто од граѓаните рекле ВМРО-ДПМНЕ. Втора e СДСМ со 16,2 проценти.
За ниту една партија нема да гласаат 17,3 отсто од испитаниците, а „не знам“ одговориле 12,8 проценти.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е политичар во кого народот има најголема доверба. Во истражувањето 16,2 проценти од испитаниците одговориле дека му веруваат на Мицкоски, а актуелниот премиер Димитар Ковачевски има речиси двојно понизок рејтинг – само 8,7 проценти.
Во телефонското истражување 16,2 проценти од испитаниците одговориле дека му веруваат на Мицкоски, а актуелниот премиер Димитар Ковачевски има речиси двојно понизок рејтинг. Во него лидер гледаат само 8,7 проценти од испитаниците.