Арсовски: Владата се обидуваше да украде пари во криза, нерационално се трошеа милиони
Високата стапка на инфлација во изминатиов период е резултат на несоодветните политики кои што ги води владата. Изминатиов период укажувавме и дека не треба да се брза со покачување на минималната плата, и дека доколку се покачи треба рамномерно да се покачат сите останати плати согласно бодувањата и Колективните договори, но власта не не послуша, а најголема штета сега имаат граѓаните, кажа Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на трибината „Наместо ЕУ влада, влада на должничко ропство“ – Потребни се политики кои ќе донесат промени и иднина.
Тој исто така рече дека иако владата постојано велела дека инфлацијата е стабилна и нема да има висока инфлација, сега го гледаме токму тоа.
Арсовски кажа и дека власта ги краде парите на граѓаните, и дека и тоа е една од причините на сите кризи.
Токму од оваа говорница ги фативме како се обидуваат да украдат пари од набавка на респиратори. Потоа имаме стотици такви случаи каде што гледавме како се грабаат парите на граѓаните, а кои што беа обезбедени од долг за да се излезе од кризата, истакна Арсовски. Тој дополни и дека сосема неоправдано се трошат парите на народот, како што е и примерот со изградбата во криза за нова зграда за АХВ од 8 милиони евра, над 50.000 евра за кафиња и стотици илјади денари за цвеќиња и други работи кои не се неопходни.
Потенцирајќи на крај и дека фирмите кои добиваа помош, односно први на листите беа фирмите блиски до власта, а на таа сметка многу други се затворија, кои не биле блиски до власта. Кажувајќи пример и дека до него и партијата пристигале бројни сознанија дека на фирми им биле барани проценти од помошта која требало да оди како мерки од страна на власта.
Линк од видео материјал: