21 март – Светски ден на лицата со Даунов синдром
Денес е светски ден на лицата со Даунов синдром. 21 март е симболично одбран датум поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија 21) што се присутни во клетките на лицата со оваа состојба.
Секоја година гласот на луѓето со Даунов синдром и оние што живеат и работат со нив станува сѐ погласен.
Потребно е нивните гледишта да бидат слушнати и земени во предвид, како и да се создадат услови за нивно учество во заедницата и придонес во изградба на општество во кое е обезбедено подеднакво уживање на човековите слободи и права, еднаков третман на различностите, со почитување и уважување на човековото достоинство. Унапредување, заштита и обезбедување, лицата со посебни потреби целосно и еднакво да ги уживаат човековите права и основните слободи, како и да го промовираат почитувањето на нивното достоинство, кое впрочем е и основна цел на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност, ратификувана од страна на Република Македонија на 5 декември 2011 година.
Исто толку важна е и промената на општествените вредности и ставови, во насока на подигање на свеста за попреченоста и развивање на инклузивни услуги, а со тоа прифаќање дека децата/лицата со посебни потреби, исто како и другите, имаат потреба од индивидуализиран пристап.