РКЕ излезе со нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе нова одлука за цените на нафтените деривати што ќе важат од полноќ.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт
ќе изнесуваат:

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,50 (денари/литар)

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,50 (денари/литар)

Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 79,00 (денари/литар)

Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 56,749 (денари/килограм), објавија од РКЕ.