Ефтимов: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ укажува на недостатоци на годишните извештаи на Советот на јавни обвинители и Јавно обвинителство
На оваа прес конференција сакаме да ја известиме јавноста за уште обид на власта за демонстирање самоволие во Собранието на Република Македонија.
Имено, денес на Комисијата за политички систем пред нас беа два двотретински закони преку кои власта сака да продаде евтин популизам. Во изминатиот период пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ постојано укажува на недостатоци на годишните извештаи на Советот на јавни обвинители и Јавно обвинителство.
Покрај тоа што многу доцна се разгледуваат овие извештаи, исто така главниот проблем е во содржината, начинот и формата на истите.
Со цел да се надмине ова, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е да се формираат работни групи за посериозно и посуштински да се интервенира во двата закони, а не како што се обидува власта со козметичка промена на само еден член.
Дополнително, по наше укажување за недостатоците на двата закони и самите институции признаваат дека поради лошите закони, тие се нефункционални и самостојни во својата работа, туку зависат само од јавниот обвинител на Р. Македонија г-дниот Јовевски.
На крајот, упатуваме порака до мнозинството да се повлечат од продавање евтин популизам и веднаш да се пристапи сериозно со цел суштински измени на овие закони кои ќе придонесат подобро и поефикасно правосудство.