Село гори, Ковачевски се чешла, а на пауза од чешлање плука по опозицијата и по народот

Интервјуто на Ковачевски може да се сведе на изреката – село гори, Ковачевски се чешла, а на пауза од чешлањето плука по опозицијата и народот.

Откако пет дена го немаше никаде Димитар Ковачевски се појави, но не за да презентира конкретни мерки и активности за заштита на стандардот на граѓаните кој тоне, туку за да политизира и за да ги дели граѓаните.

Очигледно дека власта на СДСМ и ДУИ администрирана од страна на Ковачевски систематски прави поделба на народот и етикетира, само за да може да краде, да склучува тендери со фирми под санкции и дефокусира од реалните проблеми.

Ковачевски не кажа апсолутно ништо за тоа што ќе преземе државата во насока на смирување на инфлацијата која ги осиромашува граѓаните, не кажа ништо дали и какви мерки презеле македонските компании да го преживеат овој период, не кажа дали и какви мерки ќе преземат за обезбедување на основните намирници  во рамки на стоковите резерви.

Долгот на државата и без новата криза порасна над 60% од БДП, а сега веројатно ќе расте уште позабрзано. Цените на струјата пораснаа за над 30%, а цените на горивата беа пораснати за 70%, а индустриското производство бележеше пад на крајот на минатата година. По основ на привлекување на странски инвестиции и по основ на раст на економијата имаме најлош скор во споредба со земјите од регионот. Овие економски параметри беа лоши и пред една недела, а сега поради геополитичките ситуации уште повеќе ќе се влошуваат. Доколку власта на Ковачевски нема идеа што да направи, нека земе барем нека ги имплементира предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозициската партија во најновото соопштение.

Постави одговор

Your email address will not be published.