Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е издржан и во интерес на команиите и граѓаните, а добивката за граѓаните е двојна и преку цената на нафтените деривати и преку цените на производите од маркетите

Зошто предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за акцизите е подобар од предлогот на Владата?

Врз основа на податоците може да забележите дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ значи сегашната цена на моторен бензин 95 да биде 80,02 денари (во жолти линии) додека на владата е 82.30 денари (при намалување на цената на акцизата за 4 денари односно ја пресметав највисоката одбивка.

Имајте предвид дека зависно од цената на нафтата таа може да биде и 2 и 3 денари и така крајната цена ќе биде уште поголема) или граѓаните повеќе ќе плаќаат согласно предлогот на владата.

Што се однесува до транспортните  компании согласно предлогот на  ВМРО-ДПМНЕ ќе плаќаат 67,81 денар (во портокаловите  линии) додека пак согласно предлогот на Влада ќе плаќаат 74,81 денар или 10% повеќе.

Напоменувам, ДДВ кај овие компании е одбитна ставка така што не влијае на трошоците или добивките. Значи наместо да ги намалат посериозно трошоците па тие да влијаат помалку на крајната цена на производите кои ги купуваме од маркетите тие прават “шминка“, а стандардот на народот само се влошува.

Да заклучам владата со “мудри“ математики сака да ги прелаже граѓаните дека се грижи за нив, но вистината е сосем друга и самите можете да ја увидите.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е издржан и во интерес на команиите и граѓаните, а добивката за граѓаните е двојна и преку цената на нафтените деривати и преку цените на производите од маркетите.

https://www.facebook.com/GordanaDimitrieskaKochoska/posts/364353825697593

Постави одговор

Your email address will not be published.