Кличко: Јас сум борец, не се плашам за себе – се плашам за милиони луѓе во Киев
Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, Виталиј Кличко, даде кратко интервју за Би-би-си по почетокот на рускиот напад врз Украина.
Тој рече дека луѓето во Киев биле шокирани кога слушнале експлозии во градот. Повикa на обединет одговор од Западот и помош за Украина.
-Нашата цел, нашиот сон е да изградиме модерна и демократска земја и да бидеме дел од европското семејство, изјави Кличко за Би-би-си.
Тој додаде дека руската армија е една од најголемите во светот и дека борбата ќе биде тешка.
-Украинците не ја сакаат руската агресија, тие ќе се борат за нашата иднина и за нашите деца, рече Кличко.
-Не се плашам за себе, јас сум борец, нагласи тој додавајќи дека е загрижен за трите милиони граѓани на Киев кои се негова одговорност.
Запрашан што ќе му порача на рускиот народ, тој рече:
-Секоја војна носи крв, смрт и инвалидитет. Прашајте се дали ви е потребно тоа заедно со санкциите.