Стоилковски му упадна на прес на Каевски: „Од каде тебе 4 милиони на 30 години, кај ти е Зоран Заев, кај ти е Венко Филипче, кај ти е Ден Дончев?“

Додека Дарко Каевски држеше прес конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ за случајот „Титаник“ и бараше итно повлекување од политиката на врвот на ВМРО-ДПМНЕ, се појави Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и му постави неколку прашања, кои Каевски ги игнорираше и си го дочита текстот наменет за прес конференцијата.

„Кај ти е Зоран Заев, кај ти е Венко Филипче, кај ти е Ден Дончев бе братче?… Кажи како направи четири милиони и дали ти се во една или повеќе банки. Да, да, брза и ефикасна истрага како Дарко Каевски на 30 години има 4 милиони во банка“, му рече Стоилковски.

Видео:

Постави одговор

Your email address will not be published.