Проф. Чепреганов му одржа лекција по историја на Драги Ѓорѓиев зошто Бугарија била фашистичка држава
Порталот pressingtv.mk ја пренесува изјавата на Професор Тодор Чепреганов, која следи после скандалозната изјава на претседателот на комисијата со Бугарија Драги Ѓоргиев, кој изјави дека Бугарија не е фашистички држава во тоа време, Професор Чепреганов му одговори:
НЕ ДИРЕКТОРЕ, НЕ ПРОФЕСОРЕ, НЕ АКАДЕМИЧЕ ЃОРЃИЕВ, БУГАРИЈА НЕ САМО ШТО БИЛА ФАШИСТИЧКА ДРЖАВА, ТУКУ БИЛА НАЦИ-ФАШИСТИЧКА. ГОВОРИТЕ ЗА АВТОРИТАРЕН РЕЖИМ НА ЦАР БОРИС, КОЈ ГО СУСПЕНДИРАЛ РАБОТЕЊЕТО НА БУГАРСКОТО СОБРАНИЕ НО НЕМАЛА ФАШИСТИЧКО УРЕДУВАЊЕ. ПРОДОЛЖУВАТЕ И ВЕЛИТЕ „ПОСТОЈАТ ВНАТРЕ УСЛОВНО КАЖАНО, ФАШИСТИЧКИ ДВИЖЕЊА КОИ ИМААТ ФАШИСТИЧКИ ИДЕИ ВО СЕБЕ, МЕЃУТОА ТИЕ НЕ СЕ ВО РАМКИТЕ НА САМАТА БУГАРСКА ДРЖАВА, ВО СТРУКТУРИТЕ НА ВЛАДИНИТЕ ТЕЛА“.
Ова излегува како Бугарија да била „село без кучиња“ и секој можел да прави што сака без контрола на државата. Ме чуди што на секој начин гледате да ги оправдате Бугарите и да ги амнестирате од нивното наци-фашистичко минато без аргументи или Вие имате свои, непознати за историската наука?! Камо толку да се залагавте за Гоце Делчев, а не политиката да Ве користи како нејзина продолжена рака па вие да се вадите. Самото тоа што го зборувате дека во Бугарија владеел авторитатвиен систем под цар Борис го зборува спротивното. Сакате да кажете дека царот и неговата камарила биле хуманисти, а некои таму од граѓанските партии биле фашистички и нацистички.
НЕ АКАДЕМИЧЕ целиот бугарски политички врв и воен апарат бил наци фашизиран. Видете ги зачуваните видео снимки и документи од тоа време. Самите бугарски научни работници објавиле томови документи во кои се говори за расчистување со фашизмот по војната и тоа од политичкиот врв па надолу, а не како што Вие сакате да кажете тоа биле „профашистички“ организации. ГРЕШКА самиот врв: цар Борис, председателот на владата Богдан Филов, министерот за внатрешни работи и народно здравје Петар Габровски стојат на врвот на таа наци-фашизирана држава. Тие ги влечат конците.
За Ваша информација во периодот од декември 1944 до април 1945 година Народниот суд во Бугарија имал „68 состави-4 врховни и 64 областни. Формира 135 процеси со 11 122 обвинети. Од нив на смрт се осудени 2730 души (вклучувајќи три регенти, 22 министри, 8 царски осветници, 67 пратеници, 47 генерали и полковници и т. н.“. Од ова се гледа дека Вашето тврдење се коси со историскиот факт дека не постои фашистичко движење во „рамките на самата бугарска држава во структурите на владините тела“.
Вие како да сакате преку Комисијата да провнете амнестија т.е. рехабилитација на бугарскиот наци-фашизам како што тоа тие самите го направија, по 1991 година, осудувајќи го комунизмот и неговите жртви ги претворија во херои.
Дали може да ми одговорите што претставува „Заканот за заштита на нацијата“ која го потпиша царот Борис, го усвои собранието и еден цел народ, Еврејскиот, беше ставен надвор од било кој закон. Секој можеше да се иживува со нив, немаа никакви човекови права?! Тоа го направи политичкиот врв на Бугарија. Александар Белев беше специјално испратен во Германија за правнички да ги „проучи“ Нирнбершките закони и истите ги примени во Бугарија. И тоа го направи. Тој закон ги испрати македонските Евреи (7.144) во Треблинка и многу други. Тоа, АКАДЕМИЧЕ, беа НАЦИСТИЧКИ ЗАКОНИ и за тоа нема те биле профашистички, те пронацистички. НЕ, тие беа НАЦИ-ФАШИСТИ и за тоа самиот бугарски народ ги осуди. Немој да се обидуваш, како што го правиш тоа, да ги амнестираш дека политичко воениот врв не бил фашизиран.
Напротив под негова директива се одвива општествено политичкиот живот во Бугарија во текот на Втората светска војна. Тука амнестија нема. За тоа што го направија како наци-фашисти треба да се извинат.
Уште нешто.
Ако немало фашизам како што велите Вие, тогаш Вие ја негирате антифашистичката војна и на македонскиот и на бугарскиот народ. Ако немало фашизам значи немало ниту антифашизам. Се поставува прашањето, тогаш против кого се бореле македонските партизани исто и бугарските и оние во Пиринска Македонија. Самите против себе?! Комунистичка измислица?! Од кого е убиен Методија Шаторов Шарло. Треба да го посетите неговиот гроб на кој пишува дека е убиен од тамошните „бугарски фашисти“ или според Вас тоа е измислица на комунистите. Или ја оправдувате „брусилица“ историјата на ЗЗ да се брише бугарски пред фашизам?!
Тврдите дека сето она што се случи во Македонија во текот на Втората светска војна убиствата (Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Вера Јоциќ, Ваташките деца, Дабничкото клање и др), интернациите не беше резултат на фашистите туку на профашисти. И овде ГРЕШИТЕ. Немаме антипрофашистичка војна имаме антифашистичка војна и се знае кој ја водел, како завршила и кои се оние кои ја изгубија. Секој обид, денес, за нивна рехабилитација поради задоволување на лукративни политички цели на одредена политичка гарнитура е рамно на злосторство со кое сите жртви на антифашизмот и на Холокаустот повторно се убиваат.
Ќе Ви приопштам два документи од бугарски извори за тоа дали Бугарија била профашистичка или фашистичка држава.
На 18 декември 1944 година Дамјан Велчев, министер на војната во наредбата бр. 481 истакнува: „Народна по состав нашата армија беше претворена од ФАШИСТИЧКИОТ РЕЖИМ во противнародна и против национална како по својот дух така и по своите цели. Од заштитник на народот таа беше претворена во негов гонител и жандарм…Сенародното востание на 9 септември, во кое зедоа учество и нашите родољубиви војници и стави крај на сепак крвавиот и предавнички ФАШИСТИЧКИ РЕЖИМ…Дури сега ни претстои огромна работа за искоренување на омразеното ФАШИСТИЧКО НАСЛЕДСТВО во СИТЕ ОБЛАСТИ НА НАШИОТ ЖИВОТ“.
На 10 јануари 1945 четирите партии кои влегуваат во Отечествениот фронт објавуваат декларација во која истакнуваат:
1. „Отечествениот фронт не е времена политичка комбинација. Таа е еден траен борбен сојуз на народните сили, и презема голема задача да го ликвидира тешкото наследство оставено од минатите ФАШИСТИЧКИ РЕЖИМИ и да изгради нова слободна, демократска и силна Бугарија;
2. Групите на Отечествениот фронт ќе ги вложат сите сили во поддршка на народната армија која заедно со братските армии на СССР, на нова Југославија и тие на Англија, Америка и Франција и другите слободољубиви народи води тешка борба за конечен пораз на ФАШИЗМОТ;
3. За да се создаде еден здрав кадар чиновници и вработени во ДРЖАВНИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ…неопходна е чистка на ФАШИСТИЧКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ во тие институции…
4. Групите на Отечествениот фронт ќе ги преземат сите мерки за да се парираат обидите на ФАШИСТИЧКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ да влезат во нејзините редови…“
Објаснување
(Големите букви и болдираното е мое за да можете да забележите што пишува во оригиналните бугарски документи, а не Вие да им припишувате дека биле профашисти или пронацисти. Документите кажуваат се). Нема ПРОФАШИСТИ има ФАШИСТИ.
Почитуван АКАДЕМИК Горгиев, со ова само покажувате дека Вие лично, како и Вашите колеги од Комисијата немате капацитет да излезете на крај со периоди за кои не сте квалификувани, а за кои ќе треба да дискутирате со Вашите бугарски колеги. Од овие Ваши истапи резултатите веќе ни се познати. Целосно прифаѓање на бугарските ирационални барања и уцени и се поблиску до заедничка (бугарска) историја на еден народ во две држави.
Извор: pressingtv.mk