10 години од смртта на Киро Глигоров
Денес се навршуваат 10 години од смртта на првиот македонски претседател
Киро Глигоров. Свежо цвеќе на неговиот гроб во Алејата на Великаните положија претставници на Владата и Претседателот Стево Пендаровски.
Глигоров е првиот македонски претседател кој говореше на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993, денот кога Република Македонија стана 181 членка на ОН.