Новите градоначалници со наследени огромни долгови од старите

Деновиве македонската јавност е сведок на изјави и соопштенија на новоизбраните градоначалници од опозицијата кои ја изнесуваат во јавност состојбата во градските каси по заминувањето на градоначалниците од СДСМ и ДУИ.

Пред некој ден бевме сведоци на билборди кои осамнаа во општина Тетово со кои градоначалникот Билал Касами го „украси“ предновогодишно градот со бројката на наследениот долг од претходната градоначаничка од редовите на ДУИ, Теута Арифи – 24.018.222 евра.

Што се однесува до градот Скопје, опозициската ВМРО ДПМНЕ го обзнани долгот на град Скопје. Имено, само по основ на идни обврска по склучени договори, доспеани и недоспеани обврски има од 58.140.165 евра, 7 договори за заем во висина од 32 милиони евра, или вкупно по сите основи Шилегов на градот му оставил давачки во висина од неверојатни 158.196.797 евра.

Дополнително покрај сите овие долгови, Шилегов ги потрошил и парите од продажбата на градската куќа, за кои уште не се знае каде завршиле.

Темелна внатрешна ревизија е најавена од скоро сите нови градоначалници за да се утврди каде тоа отишле парите на граѓаните и зошто повеќето од градовите се во долгови до гуша.

Постави одговор

Your email address will not be published.