Сертификат за вакцинација – модерно жигосување

Од понеделник стапуваат на сила мерките кои ги донесе владата,каде за влез во угостителските објекти се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, и редарска служба заради контрола, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан.

„Николу нема да му биде дозволен влез без да прикаже сертификат за вакцинација“, децидни се од Независната Угостителска Комора. Казните се од 250 до 30.000 евра и тие ќе паднат на товар на угостителите.

Во недела на 15 август закажан е голем народен, непартиски протест против ваквото жигосување на граѓаните.

Постави одговор

Your email address will not be published.