Додека Заев казнува граѓани, Албанија им ги простува казните
Додека кај нас се вршат присилни наплати и се зголемуваат казните за време на пандемија и економска криза, Владата во соседна Албанија донесе одлука да им ги прости сите казни на граѓаните изречени во периодот на пандемијата.
Имено, албанската Влада донесе одлука со која до 15-ти идниот месец ќе им бидат вратени на граѓаните парите наплатени на име казни, одземените лиценци за работа, возачки дозволи и возила,кои биле изречени во период на пандемија, поради непочитување на пропишаните мерки.
Нормативниот акт предвидува простување на сите административни мерки од казнена природа, изречени од релевантните државни органи за кршење на правилата или подзаконските акти издадени во рамките на мерките преземени за спречување и борба против Ковид-19, од 17 април до 7 октомври годинава.
И додека во соседните држави се донесуваат одлуки со цел да им се помогне на граѓаните во една ваква економска криза, граѓаните во Македонија имаат чувство како да се оставени на цедило од властите. Да потсетиме дека пред неколку дена Град Скопје предводен од градоначалникот Петре Шилегов, започна со присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.
Меѓудругото министерот за здравство Венко Филипче апелира на зголемување на казните како мерка за борба против коронавирусот, додека пак премиерот Зоран Заев пред некој ден на едно телевизиско гостување порача дека фирмите кои работат со загуба ќе ги остават да пропаднат.