Наќе Чулев ги повикува граѓаните да се придружат утре на протест против неправди, политичка дискриминација, реваншизам и насилство на хибридниот режим

Секојдневно сите ние сведоци сме на заканите, уцените, притисоците, реваншизмот и политичката дискриминација од оваа ненародна и мафијашка власт. Илјадници случаи на политички мотивирани брутални деградирања на чесни и докажани прифесионалци, дисциплински постапки, мобинг, притисоци, местенки и откази, стои во Фејсбук статусот екс министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

– Доста е! Ги повикувам моите колеги од Министерството за внатрешни работи и другите безбедносни институции, сите вработени во државната администрација, но и сите граѓани да се сплотиме и спротивставиме на грубото кршење на законите и дрското газење на грбот на чесните и одговорни луѓе, пишува тој.

Чулев преку својот Фејсбук статус ги повикува граѓаните да се придружат на граѓанскиот протест во 18:30 часот пред Министерството за правда, кој ќе се одржи против неправди, политичка дискриминација, реваншизам и насилство на хибридниот режим.

https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/193443465515789
Постави одговор

Your email address will not be published.