Aнкета на Инфомакс – Никој не верува во стратегијата на Владата за почеток на школската година (видео)
Се поблиску сме до 1 октомври кога и официјално треба да започне новата школска година. Според планот на Владата учениците до 3 одделение ќе мораат физички да бидат присутни во училиштата додека останатите одделенија и оние во средно наставата ќе ја следат онлајн.
Иако министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за образование Мила Царовска го објавија планот и протоколите за почеток на школската, граѓаните не веруваат во стратегијата на Владата за почеток на школската година.
Дел од нив сметаат дека учениците треба физички да бидат присутни додека други мислат дека наставата треба да се одвива онлајн, но во секој случај тие се сомневаат дека Владата има капацитет да ја спроведе наставата во услови на светската пандемија.
За родителите ова е болна темата, додека за оние кои се помлади тема за дискусија и дебата.
Кога станува збор за онлајн наставата родителите потенцираат дека треба да се овозможат компјутерски уреди за секое дете бидејќи родителите на повеќе деца и во случај да имаат компјутер потребни им се повеќе уреди.
За време на анкетата Инфомакс поразговара и со нашинец кој живее во Италија. Тој истакна дека од почетокот на пандемијата наставата во Италија се одвива без прекин онлајн, италијанската држава за неговите деца овозможила компјутерски уреди за тие да можат да ја следат наставата непрекинато. Компјутер италијанската држава овозможила за секое дете, додека во Македонија тоа не е случај.