Чибишев: Се лаже дека имало реновирања во здравствените институции, како што се лаже дека основната плата на специјалист е 100 илјади денари

Кречењето на јавните здравствени установи не е инвестиција, инвестиција е да се купи нов апарат за работа со нови методи и слично, рече доктор Андон Чибишев на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата Што не е јасно говорејќи за кажувањата во јавноста од страна на министерот за здравство, Венко Филипче дека имало инвестиции во здравсттвото.

Според него се лаже дека имало реновирања исто како што се лаже дека основната плата е 100 илјади денари.

-Јас мојата плата не ја кријам. Јас работам како специјалист и мојата плата за 35 часовна рабоа на клиника е 77 илјади плус 7 илјади од високобразовна институција. Тоа е плата на еден редовен професор со толкаво искуство и како доктор, рече Чибишев.

Како што укажа докторот, тоа што некој достигнува плата до 100 илјади со 4-5 дежурства, тоа не е плата.

-СДСМ ветуваше основна плата од 100 илјади денари плата. Тоа не е вистина, толкава оссновна плата нема, рече Чибишев.