Филипче: Ќе се воведе тест кој за 40 минути ќе покаже дали имате коронавирус, еве ги деталите

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска на новинарско прашање истакна дека и на Клиниката за пулмологија и алергологија ќе се воведе тест, кој за 40 минути ќе покаже дали одреден пациент има коронавирус или некој друг вирус.

-Тие тестови и досега ги имаше, со тоа што во палетата го немаше овој Sars-Cov-2. Таков апарат ќе биде инсталиран во амбулантата на Клиниката за пулмологија, како и на Клиниката за инфективни болести. За 40 минути ќе може да се детектира дали е пациентот позитивен на овој вирус или на некој од палетата останати вируси коишто вообичаено се јавуваат во есенските месеци-потенцираше министерот Филипче.

Вчера, министерот Филипче и директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, д-р Дејан Докиќ, го пуштија во употреба новиот модуларен амбулантско-поликлинички оддел, лоциран во непосредна близина на зградата на интерните клиники.