САД и забележува на владата дека е корумпирана, а медиумите на Заев молат Бога да не се прочита извештајот
Селективно спроведување на законите, висока корупција, уназадување и лоша економија и понатаму се проблем за Република Македонија, ова го нотира извештајот на американскиот Стеј депармент за 2019 година, а за кои медиумите блиски до власта на СДСМ и Зоран Заев се обидуваат да го сокријат.
„Бизнисите отпуштаа вработени”, “државата назадува 31 место на Дуинг бизнис”, “корупцијата останува проблем”, “спроведувањето на законите за борба против корупцијата е слабо и селективно насочено кон владините критичари и прекршителите на ниско ниво. Има веродостојни обвинувања за корупција при спроведувањето на законите, судството и многу други сектори, “многу бизниси кои работат, вклучително и некои американски бизниси, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството”, стои во извештајот на Стејт департментот.
Во извештајот се додава дека социјалната и економската криза предвизикана од корона вирусот ќе има длабоки влијанија врз економијата, потенцирајќи дека бизнисите испуштаа работници, како и дека Република Македонија според Диунг бизнисот е на 78-то место во светото за започнување бизнис или споредбено со лани 2019 година 31 место подоле.
Социјалната и економската криза предизвикана од КОВИД-19 ќе има длабоки влијанија врз економијата на државата и способноста да ги апсорбира странските инвестиции. Додека се ажурираше извештајот за оваа година, бизнисите отпуштаа вработени, производството беше насочено кон неопходните потреби. Вирусот најверојатно ќе има огромни, иако во моментов нејасни, влијанија врз економијата во 2020 година и понатаму.
Во Извештајот Дуинг Бизнис за 2020 година, ја стави државата на 78-то место во светот за започнување бизнис, односно за 31 место подоле од 2019 година.
Голем број на меѓународни извештај забележуваат дека во Македонија владеењето на правото останува клучен предизвик, посочувајќи ја несоодветната извршна контрола врз судството и лошото финансирање на административните судови како големи пречки.
Извештајот на Транспаренси интернешнал кога земјата ја рангираше на 106 то место од вкупно 180 земји на Индексот за перцепција на корупцијата во 2019 година, што претставува пад од 13 места. Како една од главните причини за ова е слабото спроведување на законите за борба против корупцијата како и селективното спроведување на законите, но и наместените милионски тендери на луѓе блиски до актуелната власт.
Во Извештајот на Стејт департментот се вели дека многу бизниси кои работат, вклучително и некои американски бизниси, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството.
И претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски вчера преку фејсбук статус порача дека во Извештајот на Стејт департментот корупцијата и лошата економија се посочени како главни проблеми, но реагира и на штурото пренесување на медиумите блиски до власта кој наместо да ја прикажат реалната состојба во Македонија, а која е нотирана во Извештајот, тие се обидуваат како што пишува тој дел од медиумите блиски до власта нашле поблага форма, а со кои сакале да ја потврдат розевата слика која ја гради власта.