Продолжува катарзата во ВМРО-ДПМНЕ, оглас за избор на повеќе претседатели на општински комитети и други кадровски решенија
Во текот на вчерашната вечер се одржа првата седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ при што се разгледувала актуелната политичка и економска ситуација, како и се донесоа повеќе кадровски решенија како дел од катарзата во ВМРО-ДПМНЕ.
-Извршниот комитет изрази загриженост за состојбата во Република Македонија со корона пандемијата, за која се констатираше дека е алармантна и актуелната Влада потфрли во секој поглед. Извршниот комитет уште еднаш констатираше дека СДСМ и Зоран Заев вршат неправди, реваншизам и насилство од мафијата предводена од Заев врз сопствениот народ и со тоа ја потврди одлуката за денешниот протестен собир за искажување на револт кон актуелната власт. Мафијата на Заев донесе насилство, прогон, криминал и корупција, а граѓаните ги доведе до раб на сиромаштија. Извршниот комитет донесе и повеќе кадровски одлуки, кои следуваат во низата кадровски одлуки кои се случуваат како дел од катарзата во ВМРО-ДПМНЕ најавена од Претседателот Проф. Д-р Христијан Мицкоски, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Извршниот комитет донесе одлука за именување на Владимир Нелоски за нов претседател на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ.
Извршниот комитет донесе одлука за именување на Тимчо Муцунски и Владимир Ѓорчев за меѓународни секретари на ВМРО-ДПМНЕ.
Извршниот комитет донесе одлука за именување на Иванка Василевска за координатор на централните комисии при ВМРО-ДПМНЕ.
Извршниот комитет донесе одлука за избор на Игор Здравковски за претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Велес.
Воедно Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за распишување оглас за избор на нови претседатели на општинските комитети и тоа:
- БЕРОВО
- БОСИЛОВО
- БОГДАНЦИ
- ДЕЛЧЕВО
- ДОЈРАН
- КОЧАНИ
- КРИВА ПАЛАНКА
- КРУШЕВО
- МАВРОВО И РОСТУШЕ
- НОВО СЕЛО
- ПРИЛЕП
- РАДОВИШ
- СТРУМИЦА
- ВАСИЛЕВО
- КУМАНОВО
Кадровските освежувања и доекипирања ќе продолжат и во периодот кој следи, се со цел конечно доекипирање и рушење на оваа ненародна и криминална власт.